Google-Campus-Will-Be-In-Hyderabad

Google е најпознатиот и најмногу користениот интернет пребарувач веќе долго време, а повеќето корисници не ни размислуваат на алтернативи.

Ова сепак не е нешто што на Google му следува поради добро завршената работа во минатото, па тие активно работат на задржување на таа позиција.

Еден од начините на којшто од компанијата успеваат да ја задржат својата позиција е преку плаќање пребарувачот да биде главниот на одредена платформа. Вакво нешто беше случајот и со Mozilla, каде што Google е стандардниот пребарувач во Firefox.

Според информации коишто излегоа оваа недела, а ги пренесе Bloomberg, Google му има исплатено дури 1 милијарда долари на Apple во 2014 за да пребарувачот остане главниот во iOS, односно на уредите коишто работат на овој оперативен систем.

Информациите излегуваат на површина поради судењето помеѓу Oracle и Google, каде што Google е тужен за користење на верзија од Java за развој на Android чии што права ги поседува првата компанија.

Информациите дополнително говорат дека договорот вклучувал процент којшто треба да им биде исплатен на Apple од заработката којашто ја има Google од пребарувањата преку iOS. Овој процент се споменува дека е 34%, меѓутоа не е познато за која страна се однесува.

Инаку, како што сигурно ви е познато, Google главните приходи ги вади од рекламите коишто се прикажуваат при прикажувањето на резултатите од пребарувањата, па од тука и произлегува важноста да ја задржат својата пазарна позиција.

Двете компании досега имаат одбиено да коментираат, а информациите говорат дека од судот е побарано да не ги објавува јавно овие информации поради тоа што тие ги сметаат за деловна тајна.

Извор: Bloomberg, The Verge

Претходна статијаNeonode AirBar може да го збогати вашиот постар лаптоп со дисплеј на допир
Следна статијаНајновата верзија на Skype ќе ја крие IP адресата на корисниците
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.