Претпоставувам се’ уште е ок да се објавуваат топ листи за работи кои се случија претходната година. Ако не е, прекинете да ја читате колумната и притиснете тука. Останатите, повелете 5 предлози за одлични саундтраци од филмови и серии кои (не) ги гледавме во минатата година.
Бујрум.
1.The End of the Fucking World
Искрено, со оваа најверојатно одлична серија (има одличен рејтинг) имав обратно искуство – некако налетав на преубавиот саундтрак па влезе на листа за 2019. :) Без разлика, не ме спречува ова да ја препорачам како музика, нели?
2. Stranger Things (s2)
Нема потреба за посебен коментар на Stranger Things. Но збор два за саундтракот. Секако, не само што одговара на носталгично-фантастичната атмосфера на серијата, како секој добар саундтрак, Кајли Диксон и Мајкл Штеин (двајцата композитори на музиката) додаваат огромен value на целото искуство. Патем, лани и добија Еми награда за „Outstanding Original Main Title Theme“.
Заслужено.
3. Dark
Германската серија на Нетфликс која го привлече вниманието на фановите на Stranger Things.
4. Annihilation
Annihilation е најверојатно најдобриот СФ филм во 2018. Језиво добар. Како музиката.
5. Westworld (s2)
Композиторот е Рамин Џавади, човек со германско-иранско потекло. Композитор на музика во голем број популарни филмови и серии. Саундтракот на Westworld е повеќе од достоен предлог за крај на оваа куса листа.