android_n_logo

Google ја пушти наредната верзија од нивниот Android оперативен систем за програмерите во март. Верзијата моментално го носи името Android N и е во Developer Preview фаза. Името како и обично ќе биде дадено пред официјалното пуштање, а од Google дури овозможија корисниците да даваат предлози, што сепак испадна само еден маркетинг потег.

Информациите коишто ги презентира Google за најновиот Android во главно ни беа познати, но сега доаѓаат како официјална потврда, па може да добиеме претстава во кој правец оди развојот на платформата.

Што може да се очекува како новина во Android N?

Една од главните новини во оваа верзија од Android е вградувањето на можноста за вклучување на две апликации во исто време, поставени една до друга на екранот. Ова е функција која веќе одамна е достапна на конкурентните платформи, а корисниците на Android често ја добиваа како дел од посебните прилагодувања кои ги прават производителите како Samsung.

Со ова им се олеснува работата на производителите, кои се помалку ќе имаат потреба да го менуваат кодот на Android, а се разбира ќе добијат и корисниците на уредите како Nexus, кои немаат посебни прилагодувања.

Android N ќе донесе дополнително подобрување на перформансите, односно унапредување на Doze функцијата воведена со моменталната верзија.

Исто така, две главни промени треба да го овозможат истото, односно Android N ќе го користи JIT компајлерот, за кого од Google тврдат дека треба да донесе значително подобрување на траењето на батеријата, како и до 75% побрзо инсталирање на апликации кои сега ќе може да бидат и помали.

Оваа верзија исто така ќе ја вклучува и Vulkan API алатката за графика која се користи и на десктоп компјутерите.

Мултитаскинг делот исто така добива одредени промени, како што е можноста за исклучување на сите апликации одеднаш. Начинот на работа на оваа функција исто така ќе биде променет да ги чува последните 7 апликации, а другите да ги исклучува автоматски. Според Google, ова е бројката на апликации до која обично корисниците отвораат некоја од заднинските апликации.

Една од поинтересните додатоци во Android N е платформата за виртуелна реалност Google Daydream. Се работи за платформа, вградена во оперативниот систем, која ќе се грижи за сите апликации поврзани со виртуелна реалност. Поточно, Daydream целосно ќе ги преземе работите кога телефонот ќе се стави во уред за гледање на виртуелна реалност и преку него може целосно да се управува со оперативниот систем.

Видеото во продолжение кратко и едноставно ги објаснува новините кои до сега беа претставени и ќе бидат дел од Android N.

Извор: The Verge

Претходна статијаGoogle разви нов TPU чип за „Вештачка Интелигенција“, кој има перформанси кои не носат 7 години во иднината
Следна статијаGoogle претстави нова апликација за разговори и апликација за видео повици
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.