Фото: Shutterstock.com

Уште малку време останува до WWDC конференцијата на која Apple се очекува да се приклучи на трендот и да презентира повеќе нови функции со генеративна вештачка интелигенција во iOS 18 и macOS 15.

Од тоа што досега можевме да го прочитаме, а во главно од секогаш точниот Марк Гурман, Apple планира повеќето функции да ги направи да функционираат локално од уредот, поради приватноста на корисниците.

Сепак, за дел од функциите од компанијата развиваат нови сервери кои треба да работат на M2 Ultra чиповите, па тоа што не може локално да функционира преку овие сервери.

Една работа која барем засега се верува дека не е развиена или не е доволно развиена, е „четбот“ кој би можел да им конкурира на ChatGPT и Gemini. Поради тоа неколку пати досега читаме дека Apple се во преговори со Google и OpenAI за користење на нивните технологии.

Во најновиот неделен билтен, Марк Гурман информира дека разговорите со OpenAI завршиле успешно, односно двете компании се имаат договорено и ChatGPT ќе биде дел од презентацијата на WWDC.

Преговорите со Google продолжуваат, но некаква информација за нив се очекува подоцна во годината.

Марк Гурман објави и уште неколку информации поврзани со новите функции кои се очекуваат, па тој истакна дека може да се очекуваат доста новини кај Photos апликацијата, подобрување кај Spotlight, нови функции кај Safari, а најавува и конечно подобрување на Siri асистентот.

Информација која за првпат ја објавува е можноста за генерирање на „емоџи“ икони врз основа на разговорите, со што корисниците ќе добијат доста нови и уникатни икони за нивните разговори.

За крајот, вештачката интелигенција се најавува дека ќе биде додадена кај известувањата, па корисниците ќе можат да добиваат сумирање на големиот број на известувања кои ги добиваат во текот на денот.

ИЗВОРBloomberg
Претходна статијаКариерен Самит: Од потенцијал до остварување во организација на Women in Tech Macedonia
Следна статијаiOS 18 ќе овозможи промена на бојата на иконите и нивно слободно позиционирање
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.