Фото: OpenAI

OpenAI најавија нова верзија од нивниот ChatGPT „четбот“, овој пат наменета за наставниците во образовните институции. Конкретно новиот „ChatGPT for Teachers“ им станува достапен на наставниците во основните и средните училишта во САД, а пристапот ќе им биде бесплатен до јуни 2027. 

„ChatGPT за Наставници донесува многу корисни алатки од ChatGPT—како неограничени пораки со GPT-5.1 Auto, пребарување, прикачување датотеки, конектори и генерирање слики—во работен простор каде наставниците можат безбедно да работат со материјали од наставата и ученички податоци, да соработуваат со колеги и да учат од други едукатори.“ – истакнуваат од OpenAI. 

Очекувано, разговорите во оваа верзија од ChatGPT нема да се користат за тренирање на јазичниот модел, нешто што треба да овозможи поголемо ниво на приватност и безбедност. 

Од компанијата истакнуваат дека работната околина е развиена да ги заштити податоците од учениците, а ги задоволува и барањата од американските закони за образованието. 

Претходна статијаKIDS DISCO – Новата предновогодишна детска забава во МКЦ
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.