Фото: Depositphotos

Марк Гурман минатата недела најави дека Apple работи на три нови уреди кои се развиени за ерата на вештачката интелигенција. Тие уреди вклучуваат нови паметни очила, паметен приврзок, како и нова верзија од AirPods Pro која вклучува камери. 

Во неговиот најнов неделен билтен, Гурман ја продолжува оваа „приказна“, па се надоврзува со информацијата дека наредната област во која компанијата ќе го насочи своето внимание е визуелната интелигенција. 

Визуелната интелигенција, односно „Visual Intelligence“, како функција веќе е достапна кај уредите од Apple кои имаат поддршка за Apple Intelligence, но тие сега се ограничени на обично пребарување слики преку Google или поставување прашања преку ChatGPT. 

Гурман истакнува дека од компанијата работат на развој на сопствени „визуелни јазични модели“, кои би се користеле кај новите уреди. 

Овие јазични модели би донеле повеќе функции кај уредите, од најосновна идентификација на објектите кои ги гледаат корисниците, до помош при навигација, истакнува Гурман. 

Тој во својата објава започнува со анализа на Тим Кук и како тој обично објавува мали информации со кои ги најавува новите области во кои планираат да влезат од Apple. 

Како пример ги дава најавата за целосно нова област со сензори пред претставувањето на Apple Watch, како и малите „хинтови“ кои ги давал пред претставувањето на Apple Vision Pro. 

Како и да е, се ова што го најавува Гурман зависи од успешниот развој на јазичните модели во Apple, без разлика колку од нив би имале помош од Gemini, а напредокот и нивото на тоа поле сѐ уште не можеме да го видиме.