При крајот на минатата година Beeper го имаше последниот обид да ја профункционираат нивната Beeper Mini апликација со iMessage сервисот. Според најавите од нивна страна, тоа беше последниот обид, кој сепак не беше како првичната замисла да апликацијата функционира директно со серверите од Apple, а тоа беше постигнато со процесот наречен „обратно инженерство“.

Очекувано беше што Apple направија се што можат да го блокираат пристапот на Beeper Mini до нивните сервери на кои се „претставува“ како iPhone иако се работи за Android телефон. Законски Beeper имаат право да го прават тоа што го правеа, но сепак не гледам логика да е дозволено да се „пробие“ нечиј сервис и уште да се критикува компанијата за недозволување на истото.

Апликацијата сега е целосно тргната од Play Store, со оглед дека истата функционира на начин како другата Beeper Cloud, па нема логика нејзиното постоење. Истата се планира да биде вратена во иднина со можност да функционира со повеќе сервис, како што е случајот со првата апликација.

Можноста за разговарање со iMessage сервисот останува како тест функција кај Beeper Cloud, па истата функционира преку цела „фарма“ на сервери составени од Mac mini, нешто што сепак не се смета за „револуционерно“ како решение.

Apple за оваа година најави дека нивната Messages апликација конечно ќе добие поддршка за RCS протоколот со што комуникацијата помеѓу iOS и Android корисниците ќе може да се прави на модерен начин.

Секако, корисниците секогаш ја имаат можност да комуницираат помеѓу себе преку Messenger, WhatsApp, Viber, Signal, Telegram и други, но тоа изгледа е „проблем“ за голем број на корисници во САД каде Messages од Apple има огромна популарност.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаКако часовниците Galaxy Watch6 се грижат за вашето здравје и ве мотивираат за активен живот?
Следна статијаMicrosoft тестира автоматско отворање на Copilot при вклучувањето на Windows 11
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.