Фото: Shutterstock.com

Tracking Protection не е нешто што би се очекувало да се види како дел од прилагодувањата на Google Chrome. Сепак, компанијата која најголемиот дел од своите пари ги прави од реклами, не може да се очекува дека ќе воведе нешто што ќе го отежне и намали тој бизнис.

За нивна среќа, тие го имаат прелистувачот број 1 во светот, а се’ уште никој не успева ни малку да им се доближи.

Во canary верзијата од Chrome достапна е нова можност наречена Tracking protection, а истата е дел од Privacy and security делот од Settings.

Од тоа што може да се види, засега оваа можност личи само како преместена и преименувана верзија од можноста за блокирање на „колачињата“ од трети страни.

Кратко кажано, иако можноста е наречена Tracking Protection, во самото објаснување стои дека се работи за заштита само од колачињата од трети страни, а не како што е случајот со конкурентните прелистувачи кои блокираат цела листа на „следачи“.

Со оглед на тоа што Google планира целосно откажување на поддршката за колачиња од трети страни во Chrome од идната година, ќе видиме каква би била функцијата на оваа нова можност во прелистувачот.

Од компанијата со цел да не се создадат проблеми на пазарот на реклами, започнаа со воведување на новиот начин на откривање на интересите на корисникот за прикажување на реклами. Новиот систем се темели на групирање на корисниците во групи на интереси, наместо поединечно означување. Овој нов систем треба да овозможи поголема приватност на корисниците, со задржување на можноста за таргетирање за рекламирање.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаiOS 17 денеска станува официјално достапен за сите корисници
Следна статијаРецензија Samsung Galaxy Z Flip5: Потенок и многу попрактичен со новиот надворешен екран
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.