За разлика од Microsoft кои нивниот Copilot го интегрираа секаде каде што може, Google одат малку подобро со нивниот Gemini. Chrome прелистувачот не е пренатрупан со функции, а нема ни очигледно истакнати функции со генеративната вештачка интелигенција.
Со верзијата 125 од прелистувачот корисниците изгледа сепак ќе добијат интеграција со ВИ, но доста подискретно и подобро од конкурентот Microsoft Edge.
Интеграцијата ќе дојде во форма на можност да се постави прашање до Gemini со внесување на „@gemini“ во лентата на Chrome, по што одговорот ќе биде добиен на страната од овој „четбот“.
Во основа се работи за скратување на потребните чекори за да се започне разговор со Gemini, но сепак доста корисен додаток за корисниците кои често го користат.
Chrome има и други функции со вештачка интелигенција, но тие засега не им се достапни на сите корисници во светот. Тие вклучуваат работи како автоматска организација на „табовите“, креирање на теми за промена на изгледот на прелистувачот, како и генерирање на текст.
Покрај Chrome, оваа година ВИ функции се очекува да добие и Safari, а што точно ќе претстават од Apple ќе дознаеме на WWDC во јуни.