Google најави две нови функции кај најновата верзија од Chrome, кои треба конечно да го подобрат угледот на овој најпознат прелистувач, кога е во прашање потрошувачката на ресурси.

Двете нови функции се наречени Memory Saver и Energy Saver, a ќе им станат достапни на сите корисници на Windows, macOS и ChromeOS во неделите што следат.

Memory Saver функцијата е замислена да ја намали RAM меморијата која Chrome ја троши, а посебно кога се отворени повеќе табови. Оваа функција ја ослободува меморијата која ја трошат табовите кои во моментот не се користат, а со тоа се овозможува подобро функционирање на другите табови, како и другите апликации на компјутерот.

Оваа функција може да се спореди со Sleeping Tabs која Microsoft Edge ја има веќе одреден период и се справува со меморијата која ја троши овој на Chromium базиран прелистувач.

Втората функција, Energy Saver, е замислена да се вклучи автоматски кога батеријата на компјутерот е 20%. За да го намали трошењето на батеријата, Chrome ќе ги ограничи заднинските активности и визуелните ефекти кај страните со анимации и видео.

Овие две функции, кога ќе станат достапни, ќе можат да се вклучуваат и исклучуваат, односно корисниците ќе можат да одлучат дали им се потребни или не.

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаTwitter во иднина ќе го зголеми ограничувањето на објавите до 4000 карактери
Следна статијаИстражување на Samsung покажува дека се повеќе Европејци бараат технологија погодна за домашни миленици
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.