Новиот Outlook, направен на основа на веб верзијата на outlook.com, треба да ги унифицира имејл апликациите од Microsoft. Тоа значи дека од компанијата ќе имаат една апликација која ќе изгледа исто на сите платформи, а тоа значи и крај за не толку популарната Mail and Calendar која доаѓа вградена со Windows 10 и 11.
Овие планови се најавени уште од 2021 година, а целосната реализација се очекува за идната година, кога новиот Outlook конечно ќе почне да доаѓа инсталиран со сите нови компјутери.
Дека работите одат во тој правец може да се види уште сега, со најновата верзија од Windows 11 во Insider програмата, поточно најновата верзија за dev каналот. Верзијата 23506 доаѓа со пред-инсталиран нов Outlook, па корисниците веќе нема да мора да го вклучуваат или инсталираат.
Оваа нова верзија од Outlook, покрај тоа што ќе ги унифицира останатите апликации, донесува нов код и нови функции за корисниците, како што се подобро пребарување, можност за „закачување“ на пораките, користење на различни профили и слично.