YouTube Vanced, една од најпопуларните алтернативи на YouTube, престанува со работа. Сопствениците на апликацијата, која е достапна на Android, имаат добиено барање од Google, по што тие веќе нема да ја развиваат и ќе ја тргнат од Play Store.
Апликацијата би требало да продолжи да функционира за постојните корисници во наредните две години, но сепак се верува дека Google ќе пушти надградба на YouTube системите кои ќе ја направат нефункционална Vanced апликацијата многу порано.
YouTube Vanced не беше класична алтернатива на YouTube, која во главно нуди различен кориснички интерфејс. Оваа апликација овозможува функции кои на YouTube ги добиваат корисниците на YouTube Premium, односно плаќаат месечна претплата.
Функциите кои корисниците на YouTube Vanced ги добиваа бесплатно беа темна тема, видеа без реклами, можност за симнување на видеата, можност за видеата да продолжат да работат и со вклучување на друга апликација и заклучување на телефонот и слично.
Си исклучок на YouTube Premium содржината, која и така не се покажа нешто посебно популарна, корисниците на YouTube Vanced ги добиваа сите платени функции, плус и додатни можности за измена и прилагодување на сервисот.
Кога ова ќе се земе во предвид, не е воопшто чудно што од Google се имаат решено да ги употребат нивните правни алатки и да го прекинат развојот на оваа апликација.
Корисниците сега ќе мора или да плаќаат месечна претплата на YouTube или да го користат сервисот со сите реклами околу видеата, за време на гледањето на видеата, како и неможноста за слушање со заклучен телефон и слично.