Швајцарската компанија Proton, која стана позната по својот прв производ, Proton Mail, кој за разлика од другите овозможува шифрирани пораки, сега конечно ќе им овозможи на корисниците да пристапат до сервисот преку десктоп апликација.

Досега корисниците можеа да пристапат до Proton Mail преку веб или преку мобилните апликации, но десктоп апликацијата си има свои предности, посебно за бизнис корисниците.

За почеток десктоп апликацијата е во бета верзија и е достапна само за ограничен број на корисници од најскапата претплата. За сите други корисници достапноста се најавува за почетокот од идната година.

Апликацијата покрај пристап до Proton Mail овозможува пристап и до Proton Calendar, уште еден сервис кој се разликува од другите по шифрирањето на податоците.

Со десктоп апликацијата корисниците ќе добијат „офлајн“ пристап до нивните пораки, како и можност за автоматско пренасочување на пораките, а тие кои се до други Proton корисници ќе го задржат шифрирањето, не што што според компанијата било предизвик да се овозможи.

Корисниците и сега можат да го користат сервисот на десктоп, покрај преку веб и преку другите десктоп апликации за имејл, но за тоа мораат да инсталираат посебен додаток. Достапноста на апликација од самата компанија дефинитивно е подобро решение.

Апликацијата инаку е модерно дизајнирана и изгледа одлично. Се има дадено значење на едноставноста, нешто што секогаш е предност кај новите апликации.

Покрај Proton Mail и Proton Calendar, од компанијата имаат уште неколку сервиси и сите се со шифрирање на податоците. Тука се Proton Drive, VPN и Pass.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаСМАРТ Балкан проектот додели над 18 милиони норвешки круни за 11 регионални грантови
Следна статијаФондот за иновации и технолошки развој одбележа 10 години од своето основање
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.