Фото: Shutterstock.com

Јасно е дека Apple нема и не смее да пропушти да се приклучи на трендот од своите конкуренти на интегрирање на генеративната вештачка интелигенција. Со оглед на тоа што се работи за Apple, не е чудно што тие доцнат, а исто така не е чудно што информациите се во многу мал број.

Тоа што се знае е дека информациите конечно ќе ги дознаеме за време на WWDC 2024 конференцијата, која ќе се одржи од 10 јуни, а на која ќе бидат презентирани iOS 18, iPadOS 18, macOS 15 и другите.

Дотогаш како и обично, ги имаме неофицијалните извори на информации кои ни покажуваат што е тоа што можеме да го очекуваме. Врз основа на код од серверите на Apple, откриена е нова функција која ќе биде дел од Safari.

Истата е наречена „Safari Browsing Assistant“ и тоа што може да се претпостави од името е дека на корисниците ќе им биде овозможено да ги сумираат веб страните, а можно е да има и дополнителни функции.

Втора новина која е откриена е „Encrypted Visual Search“, нешто што е и сега достапно, но не во шифрирана форма. Изгледа оваа нова верзија се истакнува дека користи шифрирање поради користењето на генеративната вештачка интелигенција.

Се очекува дека новата верзија од оваа функција ќе биде доста понапредна, токму поради користењето на ВИ, од досега достапните вакви функции.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статија„Макпетрол“ ќе овозможи работилници против врсничко насилство и за учениците од Струга
Следна статијаGoogle претстави платена верзија од Chrome прелистувачот за компаниите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.