YouTube Premium како претплата, покрај основните предности, овозможува и пристап до експериментални функции кои може, но и не мора да станат достапни за сите. Како и сите тест функции, нивното пуштање зависи од тоа колку биле користени и позитивно прифатени за време на тестот.
Една од функциите кои се тестираат во моментот е можноста за зголемување на брзината на видеото до 2x на доста побрз и поедноставен начин од потребата да се отвори менито, па да се избере брзината.
Тестот овозможува да се притисне подолго на било кој дел екранот додека видеото е пуштено и истото ќе почне да оди со дупло поголема брзина.
Зголемувањето на брзината на видеата е популарно во денешно време, во главно поради големиот број на содржина која е достапна, па луѓето сакаат да изгледаат што повеќе. Некои подолги видеа е полесно да се забрзаат, отколку да се „мотаат“, за да се дојде до делот кој е важен за гледање.
Од YouTube исто така ја тестираат можноста за заклучување на екранот додека се гледа видеото за да се спречи можноста од притискање по грешка.