Renault, познатиот француски производител на автомобили, ја претстави својата пет годишна стратегија интересно наречена Renaultution која е насочена кон електричните автомобили, но и технологијата во нив.
Од компанијата планираат да претстават 14 автомобили од кои 7 ќе бидат целосно електрични. Еден од овие автомобили ќе биде познатиот Renault 5 кој сега ќе биде во целосно електрична и модернизирана верзија.
Повеќе информации за овој автомобил нема во оваа фаза, ќе треба да почекаме да дојде барем блиску до претставувањето, но од Renault истакнуваат дека тој ќе биде модерен пристап на популарниот и неопходен автомобил. Renault 5 ќе биде сладок, малечок, градски автомобил кој ќе го пренесе успехот на Renault во иднината.
Од компанијата исто така истакнуваат неколку точки не кои ќе се концентрираат во годините што следат, како што се технологијата, сервисите кои ги нудат на возачите, како и чистата енергија.