Фото: Tesla

Tesla го претстави нивниот прв „пикап“, целосно електричен се разбира, уште во 2019 година. Футуристичкиот автомобил, кој има дизајн како ниту едно друго возило досега, го привлече вниманието на публиката. Кога на тоа ќе се додаде дека е од Tesla, компанија со голем број на фанови, успехот е повеќе од очекуван за Cybertruck.

Производството беше одложено неколку пати досега, па од компанијата изгледа конечно имаат успеано да се организираат и нарачаните возила да бидат испорачани.

Најновата дата кога треба да започне доставувањето на возилата е 30 ноември, па се надеваме дека нема повторно да се откаже и продолжи рокот.

За таа дата е закажан настан кога ќе се одржи во „гигафабриката“ на Tesla во Тексас.

Изминатите месеци Tesla Cybertruck повеќе пати беше забележан на улицата во САД. Тоа покажуваше дека пуштањето во продажба на возилото се ближи, па еве сега доаѓа и тој период.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаOnePlus го претстави Open, нивниот прв уред на преклоп
Следна статијаБронза за Трајковски од „Макпетрол“ на Светските боречки игри
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.