Во текот на вчерашниот ден, Tesla официјално ја отвори својата прва „гигафабрика“ во Европа, поточно во Германија, во Гринхајде градот, во близина на Берлин. Со отворањето на фабриката, официјално беа испорачани и првите 30 возила на сопствениците кои присуствуваа на настанот.

На отворањето присуствуваа основачот на Tesla, Елон Маск, како и канцеларот на Германија Олаф Шолц. Елон Маск дури почна да танцува на музиката која беше пуштена при презентацијата на првите 30 возила кои излегуваа од посебно направени тунели.

Во оваа фабрика се планира производство на 500.000 електрични возила во годината, нешто што ќе ја стави на врвот во Европа каде конкуренцијата се повеќе се зголемува, а посебно од Volkswagen.

Отворањето на фабриката беше одложено, односно веќе требаше да се случи, а помеѓу другите причини, една од главните беа протестите од еколошките организации во земјата, во главно поврзани со искористувањето на водените ресурси во околината.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Reuters
Претходна статијаSamsung го подарува Galaxy Watch4 со купување на Samsung Galaxy S21 FE 5G
Следна статијаРуски суд ги означи Meta како виновни за екстремистички активности, но не и нивната апликација WhatsApp
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.