metal-gear-rising

Добри вести до сите PC корисници. Kojima најави дека последната Metal Gear е спремна и сите што уживаа во овој наслов оваа година на PlayStation 3 и на X-Box 360 сега ќе можат да го прават истото и на PC и тоа со поголема резолуција и со подобри текстури. Играта ќе се дистрибуира дигитално и во секој момент треба да се појави на STEAM.

PC корисниците кои последното нешто што го видоа од Metal Gear Solid се само првите два дела нема од што да се плашат за приказната бидејќи веќе се запознаени со главниот херој Jack од Metal Gear Solid 2, исто така познат под прекарите Jack the Ripper, White Devil, Snake, Mr. Lightning Bolt и Raiden. Во овој случај не станува збор за петто продолжение, туку за експанзија на Metal Gear светот. Metal Gear Rising: Revengeance е многу брзa акција во трето лице што ве тера да тепате копчиња за да победите, за разлика од старите MGS игри кои се базираа на hide and seek за да успеете во мисијата. Единственото заедничко нешто што го има овој наслов со старите MGS игри е картонската кутија за криење, неколку стари непријатели за тепање и несериозноста и хуморот во приказната. Revengeance ја има најбизарната приказна до сега во споредба со своите претходници и може слободно да се каже дека е и една од најдобрите за играње, поготово ако сте обожавател на старите филмови од научна-фантастика со Б продукција.

metal-gear-rising-combo

Се се одвива 4 години по случките од Metal Gear Solid 4 : Guns of the Patriots каде светот води војна за нафта, нова технологија и каде негативците киднапираат деца сирачиња од кои подоцна прават воени киборг нинџи, а вие сте во улогата на Raiden етичниот киборг нинџа воин под наем кој работи за приватна воена корпорација по име Маверик која служи како заштита од терористи се Осветувате и Одмаздувате, или како што вели насловот, се ОсвеМаздувате.

Претходна статијаCo сензори до самостојност на постарите членови од семејството
Следна статијаLG ќе претстави нови Ultra Wide и 4K монитори на CES 2014