–- „Top Eleven Be a Football Manager” (единаесетте најдобри – биди фудбалски менаџер), светски најпопуларната онлајн крос-платформа за спортски видео игри, денес ја лансира верзијата 2015 која е достапна на iOS и Android. Играта има 100 милиони регистрирани корисници од целиот свет, со 10 милиони активни месечни корисници.

Креирана од компанијата Nordeus новата верзија може паралелно да се игра на мобилните уреди и на веб, на насловната страна е менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо, а играта им овозможува на играчите да го одберат својот фудбалски клуб, да контролираат сè, од тактиката на својот тим, трансферите на клубот, па до финансиите и исполнетоста на стадионот.

Корисниците се регистрираат преку Фејсбук и ги предизвикуваат нивните пријатели или други играчи да се натпреваруваат во различни фудбалски шампионати, пријателски и куп натпревари, со можност се искачат на врвот во светот на менаџерите, зголемувајќи го сопственото искуство и статусот на нивниот клуб. Уште повеќе, менаџер на Челзи самиот ќе им даде на новите корисници инструкции и упатства во играта, ќе ги сподели своите совети и тактички знаења, за да им помогне на играчите да ги зголемат своите менаџерски искуства и да се искачат на врвот.

Фановите на „Top Eleven 2015” видео играта ќе ги пречекаат новите промени, со подобрувања на корисничкиот интерфејс, како и во графиката, во напредокот во самата игра, и во преговорите за трансфер.

Top Eleven 2015 видео за тоа што е ново

Подобрените функции вклучуваат:

  • Нови анимации, 3D дизајн и подобрен кориснички интерфејс што ќе овозможи извонредно реално искуство
  • Натпреварот е како огледало на акцијата на теренот, давајќи на играта вистинска и жива атмосфера
  • Преговарањето трансфер на играчите сега е потешко
  • Редизајниран е делот во играта за помош, трофеј собата и многу поедноставни се менијата
  • Многу побрза е обуката на играчите и нивната селекција
  • Оптимизираната верзија за таблет корисници, овозможува подобра графика и 3D анимации.

Жозе Мурињо, менаџер на Челзи и амбасадор за ,,Top Еleven,, изјави: “Менаџирањето со фудбалот е работа на многу љубов и страст за фудбалот. Но, за да се стане навистина успешен, исто така треба да се знае сопствениот тим, многу да се мисли и секако да се надмудрат конкурентите. Видео играта на Nordeus не е ништо поразлично од тоа, и токму поради тоа и јас сум возбуден што сум вклучен во „Top Eleven” – играта е одличен пример за тоа како совршено се вклопуваат тим менаџментот, вештините и страста”.- Top Eleven 2015 видео со Мурињо –

Корисниците играјќи лесно може да се префрлат од нивниот smartphone на нивниот таблет, и да продолжат со истата игра како досега, без губење на напредокот – исто така може да се престане со игра на еден уред, а да се продолжи на друг. Играта може бесплатно да се симне и е достапна на IOS и Андроид од денес.

За Top Eleven 2015:

Лансирана во 2010 година „Top Eleven Be a Football Manager” за многу кратко време стана една од најпопуларните видео игри во светот. Играта има 100 милиони регистрирани корисници од целиот свет, со 10 милиони активни месечни корисници, и 4 милиони дневни корисници (*податоци од AppStats базирани според бројот на дневни корисници на Facebook). Играта е креирано од компанијата Нордеус, наградувана компанија за развој на видео игри, која има свои претставништва во Лондон, Даблин, Сан франциско, Скопје и Белград.

Жозе Мурињо, менаџер на Челзи и амбасадор за Top Еleven 2015

Играта е расположлива на Apple Store, Google Play Store од 26 јануари и бесплатно може да се симне.

За повеќе информации www.topeleven.com

За Nordeus:

Нордеус е наградувата европска компанија одговорна за создавањето на видео играта Top Eleven, една од најпопуларните фудбалски видео игри.

Гордоста на Нордеус е во нејзините вработени, за кои обезбедува фантастични работни услови, приватни здравствени услуги, флексибилно работно време и континуирани и посветени развојни курсеви.

Компанијата има канцеларии во London, Dublin, San Francisco, Skopje и Belgrade.

За повеќе информации www.nordeus.com.

Претходна статијаДали (и како) треба да го регулираме „Интернетот на нештата“?
Следна статијаKepler 186f – првата потврдена егзопланета налик Земјата, која орбитира во населивата зона на својата ѕвезда