The-ONE-Light-LED-games

Некои од нас отсекогаш сакале да научат да свират некој инструмент, на пример, клавир. Еден дел се ангажирале и потрошиле илјадници часови учејќи го за да бидат добри во тоа, а други се откажале претпоставувајќи дека ќе биде преголем и претежок труд.

Денес сме тука да ви укажеме дека не мора да биде така со помош на новата клавијатура наречена ONE Light. Се работи за музички инструмент кој функционира како клавир со 61 клавиш (без осетливост на силина на удар, за жал), но кој има напредни способности за да ве научи да свирите без професор.

Тоа го прави на начин што се поврзува со апликација за телефон или таблет и ве води низ лекциите по свирење со помош на познати композиции, со битна разлика што во процесот светнуваат клавишите кои треба да ги притисните следни. Така директно учите како треба да ја поставите раката, каде точно се наоѓаат разните скали, акорди и други елементи, и како да учите да свирите без поголеми проблеми и низ забавни игри.

ONE Light е воедно и MIDI клавијатура, што би значело дека можете да ја користите со скоро било кој друг програм за аудио композиција и продукција како стандардна клавијатура. За жал, како што напоменав погоре нема осетливост на јачина на притисок врз клавишите што служи за целосна симулација на инструментот клавир.

Цената на ONE Light е 300 долари што не е преголема цена да се даде ако сакате да научите да свирите клавир по дома на сопствена иницијатива.

Извор: Cult of Mac, Gizmag

Претходна статијаУкраински Стартап развива безжично полнење кое ќе работи на поголеми далечини
Следна статијаКинески пронаоѓач измисли против земјотресен кревет