NFS-Sound-Rec-41-1200x800

Звукот и звучните ефекти се фантастично оружје во арсеналот на режисерите и создавачите на игри и виртуелна реалност. Звукот и ехолокацијата ни го надополнуваат чувството на простор и состав на околината. Затоа, ако влезете во некоја квалитетна глува соба (како Audio Lab од Microsoft, прогласена за најтивкото место на светот) искуството ќе ви биде дезориентирано и ќе имате чувство на непријатност бидејќи природните звуци кои ви даваат координација ќе ги нема.

Кога се создаваат видео-игри се посветува огромно внимание на визуелниот приказ, што е логично. Во исто време, квалитетните студија за создавање игри посветуваат и огромно внимание и пари на звукот бидејќи знаат дека тој ќе ја создаде атмосферата. Замислете си да играте Need For Speed без звук или со неквалитетен, неуверлив звук на возилата! Да нема чкрипење на гумите при вртење, да нема завивање на моторот кога ќе го оптеретите, да нема музика… Катастрофа, нели?

NFS-Sound-Rec-09-800x533

Затоа следната Need For Speed ќе ја играте со целосно автентични природни звуци. Мисијата на снимање на звуците од возилата била остварена во април оваа година, а репортер од таму е Дино Дејл Карбонаре кој се заљубил во тимот на NFS и нивната посветеност на достигнување на реализмот во возењето.

NFS-Sound-Rec-07-800x533

Мисијата била остварена на патека за тркање, а процесот на снимање траел цела недела. На секој автомобил биле снимени клучните точки со локални високо-квалитетни микрофони (кои често знаат да чинат и илјадници евра!). Покрај ова, екипата снимала и надворешни звуци од возилата како и амбиентални звуци.

NFS-Sound-Rec-19-800x533

Тука секако влегуваат звуците од моторот, ауспухот, гумите, внатрешниот звук во кабината, чкрипење на гумите при нагло вртење, звуците кои се појавуваат при нагло кочење со ABS и така натаму. За снимањето употребени се следните автомобили: BMW i8, JZX90, Beifall F80 M3, SR20DET, 180SX и GruppeM 2.8L RSR replica.  Повеќето од снимените возила се ѕверови, во тоа ќе се согласите.

NFS-Sound-Rec-32-800x533

Дел од возилата ги возел и самиот Карбонаре, а во меѓувреме правел фотографии додека тимот на инженери од Шведска местеле микрофони и снимале.

Следниот пат кога ќе заиграте некоја игра или ќе посетите некој филм, посветете внимание на феноменалниот звук кој ве вметнува директно во акцијата, и почит за целата таа посветеност и напорна работа за ваше уживање.

Извор: SpeedHunters

Претходна статијаНеоком на VMWorld 2015 во Барселона
Следна статијаЗголемете го просторот во вашиот телефон безжично со SanDisk Connect