Компанијата Sony официјално потврди дека новиот „State of Play“ настан ќе се одржи овој четврток, на 12 февруари. Презентацијата е закажана во терминот кој е вообичаен за овие настани, односно во 23:00 часот по македонско време.
Според достапните информации, настанот ќе трае околу 30 минути, во кои фокусот ќе биде ставен на насловите кои се во развој за PlayStation 5 конзолата, како и за втората генерација на нивниот систем за виртуелна реалност.
Во рамките на претстојното емитување, се очекуваат нови детали за веќе најавени игри од прва страна, но и презентација на проекти од надворешни партнери и независни студија. Иако Sony не откри конкретни имиња на игри кои ќе бидат дел од програмата, јасно е дека целта на овој State of Play е да се пополни календарот на изданија за претстојните месеци од 2026 година.
Обожавателите на PlayStation ќе можат да го следат настанот во живо преку официјалните канали на YouTube и Twitch.











































