Steam машината е возбудлив концепт кој создаде голема возбуда не само во гејмерската заедница, туку и во Linux заедницата. Причината за ова е секако отворениот дух на оваа идна конзола која ќе биде базирана на Linux системот.
Деновиве дознавме дека отворениот дух на оваа конзола може да се види во уште еден аспект, а тоа е нејзиното производство. За разлика од повеќето конзоли каде една компанија ги произведува и продава конзолите, во случајот на Steam машините – процесот на производство е отворен. Valve ќе дозволи повеќе различни компании да произведуваат и продаваат Steam машини. Ова е секако олеснато од фактот што Steam машината не е ништо повеќе од PC компјутер со инсталиран SteamOS оперативен систем.
Сеуште не е познато кои карактеристики на машината Valve ќе ги наметне како задолжителни, а кои ќе ги остави на изборот на индивидуалниот производител. Она што може да се забележи од листата е дека сите овие компании се познати склопувачи на гејмерски машини.
- Alienware
- Alternate ($1,339)
- CyberPowerPC ($499)
- Digital Storm ($2,584)
- Gigabyte
- Falcon Northwest ($1,799 – $6,000)
- iBuyPower ($499)
- Materiel.net ($1,098)
- Next
- Origin PC
- Scan Computers ($1,090)
- Webhallen ($1,499)
- Zotac ($599)
Цените наведени во листата се за steam машините кои ќе бидат на понуда од тој конкретен производител. Некои од овие производители креираат само минимална steam машина која е ништо повеќе од посветена steam базирана конзола. Некои од нив пак се решаваат да креираат поприлично ѕверски гејмерски компјутер кој воедно има и инсталација на SteamOS. Со вториот тип на машини добивате во основа DualBoot компјутер кој можете да го стартувате или во Windows како регуларна гејмерска машина или во SteamOS и да добиете Steam конзола.
Сеуште не е познато кој од овие производители ќе можат да испорачуваат и до Македонија, но Smartportal ќе го следи случајот.