Jesean Morris е 20 годишен жител на американскиот град Omaha кој што е баран од страна на полицијата за отслужување на затворска казна, нешто од кое што успешно се има криено. Сепак тоа завршува откако решил да се сними како истура кофа со ладна вода врз неговата глава, како дел од Ice Bucket Challenge и видеото да го објави на неговиот Facebook профил.
Ice Bucket предизвикот за кој што сигурно сите знаете, вклучува истурање на кофа со ладна вода врз главата како дел од кампањата за зголемување на свесноста и собирање на средства за луѓето болни од ALS болеста. Кампањата започна со познати личности, меѓутоа очекувано почнаа да се шират видеа од непознати луѓе кои што сакаат да бидат интересни.
Видеото на Jesean Morris на Facebook било забележано од страна на личност која што знаела дека е баран од полицијата, па кога успеал да ја препознае локацијата на која што е снимено истото, ја информирал полицијата. Од полицијата е извршено набљудување на локацијата, по што бараниот човек е забележан и уапсен.
Извор: Ubergizmo, The Smoking Gun