
Black Friday или црн петок e првиот петок кој доаѓа после познатиот Американски празник Ден на благодарноста (Thanksgiving). Името го има добиено поради гужвите кои се создавале после празникот и профитите што продавниците ги остварувале, па од црвена зона (финансиска загуба) во која што биле целата година, во овој период преоѓале во црната (зона на профит). Црниот петок го означува почетокот на Божиќната шопинг сезона во Америка. Во некои од сојузните држави петокот е и неработен ден за државната администрацијата.
Она што е карактеристично за црниот петок, нешто што со тек не време има станато традиција, се големите попусти што продавниците ги нудат. Истите се движат од 20 до 80 проценти од стандардните цени. Денеска црниот петок е долго очекуван ден во овој период од годината, кој предизвикува огромни редици во продавниците, гужви во сообраќајот, турканици, па дури и тепачки.
Во продолжение можете да ја погледнете репортажата на NBC за текот на овој ден.
Visit NBCNews.com for breaking news, world news, and news about the economy