Пред официјалното претставување на некој нов производ веќе стана нормална работа прво да се изначитаме и изнагледаме разни „протечени“ информации и видеа кои што тврдат дека имаат дојдено до одредена тајна и неофицијална информација. Тоа се случува со сите нови производи, повеќе или помалку, па тоа е случајот во овој период со очекуваниот нов iPhone кој што се очекува да биде претставен на 9-ти Септември. Може да се каже дека производите на Apple се предмет на повеќе шпекулации поради големата тајност во која што се чуваат до нивното официјално претставување, а и типот на промоција кој што е карактеристичен за оваа компанија.
Следното видео, кое што го носи насловот „Дали е ова новиот iPhone 6 ? “, сигурно има „измамено“ многу луѓе мислејќи дека се работи навистина за некоја нова неофицијална снимка од овој телефон. Авторот на ова видео можеби само сакал да се пошегува, а можеби и ова е негов начин на покажување на протест против трендот на опседнување со неофицијални видеа и информации. Како и да е, видеото сигурно ќе ве насмее, а не веруваме дека воопшто би очекувале што ќе биде прикажано во него.