Лет од LAX аеродромот во Лос Анџелес е одложен на неколку минути пред полетувањето откако еден од патниците има забележано Wi-Fi мрежа која го носела името „Аl-Quida Free Terror Nettwork“. Мрежата била креирана од страна на некој од патниците, односно преку можноста за Hotspot која што ја имаат повеќето паметни телефони.
Патникот кој што ја има забележано мрежата за истата ја има известено една од стјуардесите, по што авионот бил пренасочен на посебен дел од аеродромот. Патниците не знаеле што се случува цел час, по што биле известени од капетанот дека немаат дозвола за полетување поради безбедносни причини. Задржувањето на авионот траело 3 часа, но изворот, односно креаторот на мрежата не бил откриен.
Авионот подоцна бил пуштен да го продолжи летот, а истрагата заклучила дека сепак креирањето на мрежа не може да се смета за криминална активност. Поради тоа што не можеле да го откријат човекот, истрагата била завршена.
Ваквите ситуации, кои што се случуваат повремено, покажуваат во какво време живееме и колку е лесно да се направи проблем, посебно на комерцијалните летови. Повеќето од патниците на летото во овој случај сепак изјавиле дека добро е што не полетале и дека подобро да се сигурни отколку да се доведат во опасност.
Извор: ArsTechnica, ABC7, KTLA