На недела дена пред официјалното претставување на новата iPhone 14 серија, Samsung излезе со реклама во која ги истакнува некои од предностите на нивните уреди, поточно на Galaxy S22 Ultra и Galaxy Z Flip4.
Рекламата започнува со најава за најновиот настан на Apple, па со предности на Samsung уредите како најмногу мегапиксели на камера на телефон, нешто што ќе биде во нечиј друг џеб, можноста за сликање на месечината и добивање на сите тие лајкови, нешто што нема да биде случајот за вас.
Од Samsung завршуваат со изјавата дека овие иновации нема да дојдат наскоро кај iPhone.
Нема да ја коментираме рекламата, па оставаме во продолжение самите да ја видите, па кажете што мислите во коментарите.