Интересен проект од шведскиот музичар и инженер, Линус Акесон, резултираше со еден од поинтересните музички инструменти кои ги имаме видено. Се работи за хармоника која е направена со два Commodore 64 компјутери споени со 5,25 инчни „floppy“ дискети.
Звукот којшто го создава оваа хармоника е 8-битен, односно потсетува на старите игри од тоа време и звучи навистина интересно, се разбира доколку свири некој којшто знае што прави, како што е случајот со Акесон.


Името на хармониката е The Commodordion и истата е Акесон ја има изработувано изминатите неколку години. Исто како и кај класичната хармоника, јачината на звукот доаѓа од тоа колку силно ќе се притисне на средниот дел, во овој случај составен од дискетите, додека мелодијата и ритамот доаѓаат од двата Commodore 64 компјутери.
Акесон детално го објаснува овој проект, односно како го има создадено, па можете да прочитате повеќе на овој линк, како и да го погледнете видеото и да слушнете како звучи The Commodordion на овој линк.