Windows_95_at_first_run

Windows 95 е оперативниот систем на којшто сите малку постари луѓе го добиле своето прво искуство на домашен компјутер. Оваа верзија од Windows може да се каже дека ги постави стандардите за десктоп оперативните системи и е верзијата којашто го направи популарен овој систем.

Со Windows 95 беше поставен модерниот кориснички интерфејс којшто се користи во подобрена форма до ден денес.

Меѓутоа, за помладите корисници, родени во деведесеттите и подоцна, мобилните телефони и таблет компјутер се главното искуство кое го имаат за сурфање на интернет и комуникација. Видео во кое што се гледаат реакциите на младите луѓе како користат некој од постарите оперативни системи веднаш звучи интересно, а посебно за нас кои сме се родиле во време кога и немало домашни компјутери.

Видеото во продолжение „Teens React to Windows 95“ е дел од серијалот наречен „Децата реагираат“.

Како што би очекувале за почеток децата се чудат на големината на екранот и самиот компјутер, а и не знаат веднаш како да го вклучат. Потоа се чудат на времето потребно да се вклучи оперативниот систем, како и звуците кои доаѓаат од хард дискот.

Извор: VB, PCMag

Претходна статијаЧитачите за отпечатоци кај смартфоните пробиени со испечатен отпечаток на inkjet принтер
Следна статијаMicrosoft SQL Server ќе работи и на Linux
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.