Фото: British Airways
Фото: British Airways

Британскиот национален авио-превозник British Airways работи на намалувањето на загадувањето, кои неминовно го предизвикува (со оглед на тоа дека располага со флота од 272 авиони). Имено, компанијата претстави нови пет Molotok далечински управувани електрични возила чија примарна намена е шлепување на авионите кон пистата.

Овие еколошки возила ќе ги заменат стандардните на дизел погон и ќе ја сведат работата на само еден оператор, кој ќе може да го превезе авионот од порта до писта со помош на мал далечински уред. Со ова British станува првата компанија која вклучува еколошки возила за конкретната намена.

Петте електрични возила ќе оперираат на 25-те порти на Терминалот 5 на најголемиот аеродром во Европа, лондонскиот Heathrow. Компанијата која ги произведува возилата уверува во нивната ефикасност, аргументирајќи дека истите се попрецизни од традиционалните возила и дополнително, можат да сортираат 40% повеќе авиони на истиот паркинг простор. Батеријата на возилата е со издржливост од 3 дена, а станици за напојување ќе бидат инсталирани на сите 25 порти.

Извори: Engadget

 

Претходна статијаInstagram дозволува да изберете кој ќе коментира на вашите објави
Следна статијаНовите смартфони на Sony ќе имаат целосно нов дизајн