Фото: Wikipedia
Фото: Wikipedia

Компанијата Dyson ѝ претстави на јавноста дека работи на развивање на модел на електрично возило кое радикално ќе се разликува од конкуренцијата. Компанијата позната по производство на апарати за домаќинство, реши да се насочи кон конструирање на модел кој ќе биде лесно прифатлив на пазарот и на широко распространет, а реализацијата на ваквиот чекор се очекува до 2020-та година.

Сопственикот и основач на компанијата Сер Џејмс Дисон минатата недела обелодени дека инвестирал 2,7 милијарди долари во овој проект, на кој веќе работи тим од 400 инженери. Сер Дисон меѓутоа одбил да открива детали во врска со дизајнот или технологиите кои ќе бидат употребени, стравувајќи од конкуренцијата, а тука прмарно се мисли на Tesla, но како сериозни конкуренти во последно време се наметнуваат и VolksWagen, Ford, Nissan и Fiat.

Дисон откри и дека од целиот производ за сега, подготвен е само моторот, но инженерите сѐ уште не успеале да конструираат протоип од возилото. Понатаму, во моментов се работи на избор на батеријата која ќе го напојува моторот. На располагање се два дизајна, од кои, Дисон ќе каже, обата се поефикасни од оние кои во моментов се користат кај другите авто-производители. Тука се мисли на тоа дека батериите се помали и полесни за полнење, односно не се направени на актуелната литиум-јонска технологија.

Извори: DigitalTrends, The Guardian

Претходна статијаПопуларниот „Калашников“ произведе прототип на летачко возило
Следна статијаLG лансира смартфон кој ги брка комарците