Новите европски закони кои стапија на сила во март оваа година и кои се одговорни за отворањето на iOS за алтернативни продавници за апликации, алтернативни платежни системи и слично, сега ќе важат и за iPadOS. 

Европската Унија донесе заклучок дека и iPad уредите од Apple влегуваат во категоријата која подлежи под овие закони, па од компанијата ќе мораат да го усогласат iPadOS во наредните шест месеци. 

Ова значи дека корисниците на iPad во ЕУ ќе ги имаат истите можности како тие кои беа воведени кај iPhone, односно ќе можат да инсталираат апликации надвор од App Store, ќе можат да користат други платежни системи покрај тој на Apple, ќе можат да го користат NFC чипот надвор од Apple Pay и слично. 

Со оглед на рокот од шест месеци, претпоставувам дека потребните промени Apple ќе ги воведе со официјалното претставување на iPadOS 18, верзија која ќе биде презентирана во јуни, но ќе биде пуштена за сите во септември. 

Казните кои се предвидени со законите за компаниите кои не ги почитуваат правилата се доста високи, а Европската Комисија веќе отвори истрага против Apple, Alphabet и Meta за неусогласеност со законите.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаSamsung официјално ја започнува својата олимписка и параолимписка кампања во последното одбројување до Олимписките игри во Париз за 2024 година
Следна статијаНеверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.