Веќе одреден период борбата за првите три места како најголеми производители на смартфони во светот се води помеѓу Samsung, Apple и Huawei. Samsung без проблеми го одржува своето прво место со значителна разлика од другите производители, а второто место обично успеваше дека го има Apple.
Во втората четвртина од 2018 Huawei успева да го тргне Apple од долго време држеното второ место и со тоа да покаже дека е сериозен конкурент во светот на смартфоните.
Samsung првото место го држи со продадени 71,5 милиони уреди, што е пад од 10,4% од истиот период минатата година. Сепак, доминацијата на овој производител е доволно голема, да и одреден пад во продажбата не го загрозува неговото прво место.
Huawei го презема второто место со продадени 54,2 милиони уреди, што е за дури 40,9% зголемување од истиот период минатата година, а е за 12,9 милиони уреди повеќе од продажбата која ја има направено Apple.
Apple сега е на третото место со продадени 41,3 милиони уреди, што е само 0,7% повеќе од истиот период минатата година.
Четвртото и петтото место го држат исто така кинески производители, односно на Xiaomi и Oppo.
