
Јапонскиот национален авиопревозник Japan Airlines(JAL) ќе инвестира најмалку 10 милиони американски долари за враќање на суперсоничните патувања во комерцијална намена. Парите ќе бидат инвестирани во американскиот стартап бизнис Boom Supersonic од Денвер.
Патувањето со авион кој се движи со брзина поголема од брзината на звукот, во комерцијални цели, прв го промовираше популарниот „Конкорд“(Concorde). Меѓутоа истиот се наоѓа приземјен повеќе од 14 години.
За разлика од тоа, јапонската авиокомпанија планира да набави 20 авиони со вакви способности. Со инвестиција во Boom и дополнително менторирање, јапонскиот гигант очекува на голема врата да ги врати во комерцијална употреба надзвучните патувања. Првиот човек на Boom Supersonic, Блејк Скул, обелодени дека двете компании планираат проектот да го остварат до средината на наредната декада. Инаку, Boom Supersonic веќе има примено нарачки за изработка на 76 авиони со вакви способности. Помеѓу нарачателите се споменуваат и 5 од глобално водечките авиопревозници.

Што се однесува до самиот модел, од него се очекува да биде барем 3 пати потивок од својот претходник, „Конкордот“. Главната причина поради која „Конкорд“ е приземјен уште од 2013-тата година се трошоците за оперирање и големата потрошувачка на гориво. Од Boom Supersonic се убедени дека имаат решение за овие проблеми. Па така, нивниот модел ќе може да одржува брзина на крстарење од околу 1450 км/ч. Тоа практично значи двојно побрзо од брзината на звукот. На овој начин, патувањето преку Атлантикот би се скратило за половина, односно би траело неверојатни 5 и пол часа.
Извори: Futurism, ThePointsGuy, TechCrunch