Ова е нешто за кое што се пишува веќе подолго време, а посебно од појавата на неколку официјални, а повеќе неофицијални информации за наредната верзија од Windows оперативниот систем наречена Windows 9 и Threshold. Целта е да се направи еден оперативен систем кој што ќе работи на сите големини на екрани со што корист ќе имаат и корисниците, но и програмерите. Најава дека од компанијата размислуваат во овој правец можеше да се види на годинешната Build конференција на која што ги претставија Унифицираните апликации, односно можноста за развивање на една апликација и нејзино брзо и едноставно прилагодување за работа на сите платформи, односно Windows Phone, Windows и Xbox.
Моментално Microsoft работи на принципот на различни оперативни системи кои што немаат допирни точки помеѓу нив. Дури и тимовите кои што работат на нивниот развој се поделени и не ја споделуваат нивната работа, што ги прави како да работат во различни компании. Според Satya Nedella, Microsoft ќе го примени начинот на работа и сите тимови во компанијата ќе бидат претворени во еден тим кој што работи на истата архитектура. Повеќе информации за тоа како ќе изгледа овој еден оперативен систем нема, па останува да почекаме да неговто излегување кое што се очекува да биде идната пролет.
Ова покажува дека од компанијата ќе продолжат со концептот на хибридни уреди кој што е критикуван од одредени луѓе. Од Apple на пример се’ уште сметаат дека секој уред треба да биде поделен според неговата намена и соодветно на тоа да биде работи на својот оперативен систем.
Извор: Business Insider