Според информациите, Google од оваа година има започнато да им наложува на производителите на паметни телефони кои го користат овој оперативен систем, да ја вклучат ознаката “Powered by Android” како дел од анимацијата или сликата која што се појавува стандардно при стартување на телефоните. Оваа ознака е забележана кај новите HTC One M8 и Samsung Galaxy S5, нешто што одамна не го користат производителите. Поради тоа некои од порталите за технологија се имаат заинтересирано дали се работи за нешто случајно или за нова политика од страна на Google. Иако нема официјална потврда од Google, сепак според информациите до кои што доаѓаат повеќе портали, се работи за нова политика на компанијата.
Како што ви е познато, Android оперативниот систем е со отворен код (open source), па секој ја има слободата да го менува како што сака. Меѓутоа и покрај тоа, Google работат на негово развивање, а нивната Play продавница за апликации во која што се вклучени и нивните сервиси како Gmail, Maps, Google+ и слично, не е дел од отвореноста на оперативниот систем. Користењето на Android ознаката Google може да ја услови со пристапот до Play сервисите, нешто што може да го направи за разлика од пристапот до оперативниот систем.
Која е причината за оваа политика од страна на Google не е познато, па можеме само да претпоставуваме. Иако Android моментално е најмногу користениот оперативен систем, поради неговата отвореност производителите го менуваат неговиот изглед, што доведува до различно искуство на различни уреди. Корисниците кои што не се доволно запознаени може да не знаат кој оперативен систем го користат, па неговото означување е начин за унифицирање на како што го нарекуваат, фрагментираниот оперативен систем.
Извор и слики: Geek.com
[related_posts_by_tax title=”Можеби ќе ви се допаднат и следните статии”]