Во текот на само неколку часа, на популарниот сајт Reddit се појави фотографија која, се шпекулира дека е изгледот на новиот камионет на електричен погон произведен од Tesla. Ова доаѓа помалку од месец пред најавената промоција. Сосема е очекувано „протекувањето“ на вакви фотографии и уште по очекувана е нивната автентичност.

Фото: Reddit

На фотографијата може да се забележи камион со димензии помали од вообичаените. Натоварен на камион каков сме навикнати да видиме на автопатите. Освен димензиите, внимание привлекува и футуристичкиот дизајн и аеродинамична форма. Автентичноста ја потврдува и претходно објавената фотографија на која можеше да се види идентична силуета.

Од Tesla се држат на официјалната политика на компанијата. Негираат секакви шпекулации, меѓутоа тоа малку ќе им помогне со оглед на тоа што веќе никого не можат да убедат дека она што се гледа на фотографијата не е нивниот нов модел. Што се однесува до шпекулациите, некои корисници на Reddit одат до таму што велат дека црниот предмет поставен пред камионот, е револуционерен полнач. Дизајниран и наменет токму за овој модел на камион.

Иако држен во тајност познати се главните новитети на камионот на Tesla. Тој ќе биде опремен со технологија на автономно управување (или некаква „половична“ варијанта од истата). И дополнително ќе има способност да покрие дистанца помеѓу 300 и 500 километри.

Извори: The Verge, TechCrunch

Претходна статијаПрви фотографии од Pixel 2 XL покажуваат мала рамка околу дисплејот и целосно редизајниран почетен екран
Следна статијаGoogle Photos овозможи квалитетно споделување содржини и со слаба конекција