При крајот на минатиот месец беше најавено од страна на Google дека наскоро ќе почнат да ги известуваат корисниците од Европската Унија, дека имаат избор од повеќе интернет прелистувачи и пребарувачи, покрај тие од Google.
Причината за ова е казната од страна на Европската Комисија во висина од 5 милијарди долари, предизвикана поради тврдењата за монополско и нефер однесување на Google преку нивниот Android оперативен систем и партнерите.
Известувањето на корисниците ќе започне наскоро, а страната и формата за истото е веќе спремна и ќе биде дел од Play Store. Google го прикажа известувањето, односно како тоа ќе изгледа и каков избор ќе нуди.

Како што може да се види од сликите, Google Search и Google Chrome и понатаму ќе доаѓаат прединсталирани со Android, меѓутоа при првото отворање на Play Store корисниците ќе им биде прикажан избор од дополнителни 4 прелистувачи и пребарувачи.
Листата ќе биде составена според популарноста во регионот каде живее корисникот, а ќе апликациите ќе бидат прикажани во измешан редослед.
Google исто така ќе им понуди линк со помош за тоа како да ги прилагодат овие апликации, а исто така ќе им понуди промена на стандардниот пребарувач во Google Chrome.