Mini-ITX-1 copy

Супер високи гејмерски перформанси и мало mini ITX куќиште, скоро никогаш не одат во една реченица. Сепак, од 8Pack имаат решение за оние кои сакаат помал компјутер, кој ќе можат дури и да го пренесат, а не сакаат да се простат од моќните гејмерски компоненти.

Asteroid го карактеризираат малите димензии, футуристичкиот дизајн, чисто склопената внатрешност со одлично менаџирање на каблите и исклучително тивката работа.

Mini-ITX-9 copy

Во внатрешноста е вградена GeForce GTX 980Ti графичка карта, која е засилена (overclock) на 1.450 MHz, Core i7 6700K процесор кој е засилен на 4,7 GHz и 8 GB DDR4 рам меморија засилена на 3.866 MHz.

Останатите спецификации вклучуваат напојување од 1.000 вати од Superflower и два SSD дискови со вкупен капацитет од 1,5 TB (еден 512 GB, еден 1 TB и двата со обичен SATA интерфејс, бидејќи нема простор за M.2).

Mini-ITX-7 copy

Секоја компонента на која има “overclock” нормално бара и подобро ладење, па затоа од 8Pack се одлучиле на водено ладење. Она што е особено импресивно е што радијаторите се вградени во горниот дел на куќиштето, а системите за проток на течноста во страничните панели, за разлика од другите гејмерски машини, каде тие се обично поставени надвор од куќиштето. Благодарение на ова, Asteroid постигнува високи перформанси и многу малку звук – скоро е бесшумен.

Во 8Pack Asteroid е вграден и посебен аудио систем, кој според креаторите овозможува исклучително аудио доживување при гејминг, поточно, со него ќе можете да ги слушнете чекорите на противниците кои доаѓаат зад вас од многу подалеку.

Mini-ITX-10 copy

Сите овие компоненти му овозможуваат на 8Pack Asteroid без некој поголем проблем да понуди оптимални перформанси и за VR играње на Oculus Rift, бидејќи сите се над минимално побараните (Core i5 и Nvidia GeForce GTX 970).

Разочарувањето го оставив за на крај – цената на овој моќен мини компјутер е 3.990 фунти, што е многу повеќе отколку сами да склопите компјутер со исти компоненти.

Mini-ITX-3 copy

Сепак, тука плаќате за одличната изработка, перфектно вклопеното ладење и можноста тимот на 8Pack да ви помогне доколку сакате дополнително да ги overclock-нете компонентите, бесплатно, преку телефонски повик.

Извор: TechRadar, TechFrag, Hardware Heaven

Претходна статијаiPhone SE со најслаб старт на продажбата во споредба со останатите модели
Следна статијаНаучниците успешно го извадија ХИВ од клеточниот геном на Т-клетки