Aspire Z series_Z3-700_06

Десктоп компјутерите со вградени компоненти во самиот монитор никогаш не постигнаа особена популарност и реално единствен успешен производител тука е Apple со iMac. Acer има нов Windows 10 производ, кој ќе ве натера да размислите повторно за ваков уред, бидејќи истиот има екран на допир и батерија, што значи дека ќе можете лесно да го префрлите од една во друга соба.

Или барем така замислува дека ќе го користите овој уред Acer. Мене веднаш ми текна на играње некои игри, како Air Hockey или пак шах, карти и слични друштвени игри, со повеќе играчи. Има место за сите – мониторот брои 17,5 инчи во дијагонала и задоволителна Full HD резолуција, a Windows Store ќе се погрижи за да најдете игра што ќе ви одговара.

Сепак, не планирајте да играте 3D наслови на овој компјутер – во понудата има Intel Celeron и Pentium процесори, заедно со 4 или 8 GB рам меморија и неколку понудени опции за складирање податоци, вклучувајќи HDD и SSD дискови. Дисплејот регистрира допир до 10 различни точки и има можност за користење на дигитално пенкалце, додека батеријата трае околу 5 часа со едно полнење, што за толкав компјутер и не е лошо. За целосно доживување, вградени се и звучници Dolby Audio.

Цената на основниот модел на Аcer aspire z3-700 со Celeron процесор изнесува само 599 долари, што се чини како навистина поволно за цел компјутер со голем дисплеј, на кој може да се вршат неколку различни функции благодарение на Windows 10 оперативниот систем.

Извор: Windows Central, PC World

Претходна статијаДостапен Windows 10 Insider Preview 10565 со интегрираната Messaging апликација
Следна статијаCanon лансира две нови “Mirrorless” камери со променлива оптика