062e16c1deaee08fa5978791dfb38518_large

Чадорите кои што ги користиме го немаат променето својот дизајн и начин на работа од кога знаеме за нив. Тоа и не треба да не чуди затоа што се работи за едноставен концепт кој што функционира и реално нема што многу да се менува. Сепак слободно може да се каже дека чадорите имаат свои недостатоци, како што е на пример нивната големина која што може да пречи во одредени ситуации. Исто така, сите ги знаете оние смешни ситуации кога од силниот ветер, чадорот се превртува наопаку.

Кинеска компанија преку Kickstarter претстави концепт на чадор кој што капките од дождот ги трга со дување на воздух со што се креира одредено поле околу вас. Наречен Air Umbrella, доаѓа во три големини и чини 118 долари, па нагоре зависно од времето на нарачка, како и големината на моделот. Она што сепак е чудно кај овој производ е траењето на батеријата. Кај најмалиот модел таа издржува до 15 минути на користење, додека кај поголемите до 30 минути. Ова не значи дека нема да биде доволно за повеќето ситуации, меѓутоа доколку овој чадор редовно го користите, често ќе треба да биде ставен да се полни.

Сумата која што е поставена како минимум на Kickstarter е 10.000 долари и истата е надмината. Остануваат уште 11 дена во време на пишување на оваа статија, па останува да ги видиме коментарите на корисниците дали чадорот навистина успева да си ја заврши својата работа како и обичните чадори.

Извор: Kickstarter

Претходна статијаYovo – апликација која има намера да ги заштити вашите споделени слики
Следна статијаЗошто треба да се грижам за својата приватност?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.