amd_am4_bristol_ridge_main-100680671-large copy

Вториот најголем производител на процесори на десктоп компјутерите веќе претерано долго време е во сенка на Intel и новите Bristol Ridge процесорски единици нема драматично да го променат тоа, но се најава за Zen архитектурата која треба да биде претставена на почетокот од наредната година и која конечно треба да донесе перформанси на нивото на Intel Core процесорите, по пониски цени.

Bristol Ridge линијата, како и сите процесорски единици на AMD од минативе неколку години, ја красат високи графички перформанси, бидејќи во секој процесор е вграден AMD графички чип, кој е супериорен во однос на Intel. Ова значи дека доколку играте некои полесни игри и ви треба малку помоќна графика, а немате средства за дополнителна графичка картичка, AMD чиповите се веројатно и подобар избор.

2016-09-05-image copy

Новите процесори од A – серијата на AMD ќе бидат застапени со 12 различни модели, со моќност од 35 и 65 вати. Најмоќниот во понудата ќе биде A12-9800 со четири јадра на 3,8-4,2 GHz и R7 графика, кој е одличен избор доколку сакате да направите солидна десктоп машина. Интересно, AMD најавува дека овој чип нуди 17% подобри процесорски перформанси во однос на Intel Core i5-6500 и 99% подобри графички перформанси, но за да се увериме во тоа, ќе треба да ги видиме независните тестови.

2016-09-05-image-2 copy

Bristol Ridge линијата сепак сѐ уште нема натпреварувачи во највисоката класа, односно еквивалентни чипови на Core i7 серијата, наменети за ентузијастите. Bristol Ridge процесорите се инаку базирани на веќе застарената технологија со големина на транзисторите од 28 nm, какви што Intel употребуваше пред скоро 5 години.

2016-09-05-image-3 copy

Она што е најинтересно кај овие чипови е што се базирани на новиот AM4 сокет, на кој ќе бидат базирани и Zen (Summit Ridge) процесорите кои ќе бидат претставени наредната година. Ова значи дека доколку купите матична и процесор со Bristol Ridge сега, во иднина ќе може лесно да го замените процесорот со Zen верзија доколку сакате повисоки перформанси. Овој сокет инаку поддржува DDR 4 рам меморија, USB 3.1 G2, NVMe и SATA Express.

Извор: Tech Spot, PC World, AMD

Претходна статијаМожно затворање на OpenOffice проектот поради недостаток на ресурси
Следна статијаДванаесет премиери на Pickbox што не смеете да ги пропуштите во септември