И покрај тоа што има мега перформанси, гејмери, оваа графичка не е за вас. Напротив, оваа графичка е наменета за серверска употреба, но и за сите оние на кои им требаат максимални перформанси при работењето со софтвер за 3D анимација, односно видео едитирање.
Токму тука на помош доаѓа масивната меморија од дури 32 GB GDDR5 рам, која ќе овозможи лесно работење со многу големи датотеки. Инаку, ова е првата картичка во толкава меморија на пазарот, а е базирана на втората генерација на “Graphics Core Next” архитектурата на AMD, но јадрата кои се користат не се најновите “Fiji”, туку “Grenada” јадрата од R9 390X.
Најимпресивниот податок за новата графичка на AMD од високата класа е можноста за пресметка на 2,62 терафлопови информации, со можност за 5,24 терафлопови при некои еднојадрени процеси, што е многу повеќе од 1,66, колку што нуди конкурентната NVidia Tesla K40.
Секако, сите овие перформанси значат и висока потрошувачка на енергија, а таа кај S9170 ќе изнесува масивни 275 W, што е повеќе од некои целосно функционални компјутери.
Многу од вас ќе се запрашаат колку е добра оваа картичка за играње најнови игри на Ultra HD резолуција и одговорот е дека има поевтини и подобри графички на пазарот, со повисоки работни брзини на самите процесори и сл. Секако, тие графички не можат да се мерат во со FirePro во професионалните апликации.
Засега не е позната цената на новата професионална графичка на AMD, но знаеме дека ќе биде достапна на есен.
Извор: PCWorld