amd-project-quantum-590x330

Производителот кој е најпознат по своите графички карти, направи прототип на мини компјутер, наменет за VR уредите, кој има исклучително моќна графика и интересно решено водено ладење.

Дизајнот е особено интересен, бидејќи самиот компјутер е поделен на три компоненти. Тоа што го гледате на фотографијата десно, а што е поврзано со кабел, е всушност напојувањето за компјутерот. Делот лево е целиот компјутер, со тоа што во долниот дел се компонентите, додека во горниот дел е ладењето.

Имено, двете компоненти се поврзани со мала цевка во средината, па затоа изгледа и како горната компонента да лебди над долната. Преку малата цевка тече водата наменета за ладењето на компјутерот. На процесорот и на графичката, AMD има вградено големи бакарни плочи, кои се поврзани со горниот дел преку цевката. Во горниот дел се наоѓа ладилникот и тивок кулер, кој е тука за да ја дисперзира топлината од течноста.

Воденото ладење е задолжително, бидејќи овој мини компјутер има две Fiji XT графички картички, кои можат да процесираат информации од 17 teraflops, што е навистина фантастично, особено за компјутер со ваква големина. Поради малите димензии, користена е и целосно новата HBM меморија, која е 65% помала од досегашните дизајни. Матичната на која стојат овие компоненти е mini ITX производство на ASRock.

Сепак, ѕвездата на денот е со сигурност тоа што процесорот е на Intel, а не на AMD. Навистина, се работи за прототип на компјутер и во евентуалната производствена варијанта, AMD сигурно би ги користел своите процесори, но и покрај тоа, ова е навистина неочекувано.

AMD Project Quantum, благодарение на малите димензии и исклучителната графичка моќ, ќе може многу лесно да продуцира виртуелна реалност во Ultra HD резолуција, што е и главната цел на дизајнерите.

Извор: Geek

Претходна статијаWindows 10 за мобилните ќе вклучува режим за работа со една рака кај поголемите уреди
Следна статијаRaspberry претстави куќиште за микро компјутерот Pi 2