Годинава AMD за прв пат ни ја претставија новата Ryzen архитектура на 2ри март со R7. Иако беа најавени три групи од новата серија на процесори, AMD постепено ги пуштаат во продажба на пазарот.
Со цени во ранг од 169 долари, па се до 249, Ryzen 5 серијата влегуваат во директен судир со Интеловата core i5 серија на процесори.
Најмоќниот од Ryzen 5 серијата секако е 1600x – процесор со шест јадра и дванаесет треда со стандардна тактова брзина од 3.6 GHz и турбо такт од 4.0 GHz. На 4 GHz според многу извори се покажа како одличен процесор кој во повеќе наврати има дури и подобри резултати од i7-7700k. За цена од 249 долари секогаш се добредојдени процесори кои можат да конкуриират дури и на најмоќните од Intel.
Во споредба со неговите помали “браќа“, 1600x фабрички не доаѓа со ладилник, а за процесор со TDP од 95W ќе мора дополнително да се купи солиден кулер за малку поголема комоција со температурите.
Ryzen 5 1600 е всушност 1600x, но со помали стандардни и турбо тактови брзини – 3.2/3.6 GHz. Поради помалите тактови брзини има и помало TDP од 65W. Цената на 1600 ќе биде 219 долари
За разлика од 1600x – 1600 и 1500x фабрички доаѓаат со кулерите на AMD – Spire, кои треба да се доста потивки и да ги одржуваат на солидна температура процесорите, но и со RGB круг околу самиот вентилатор.
R5 1500x со цена од 189 долари ќе има четри јадра и осум треда, 16 MB L3 Кеш меморија (исто како 1600 и 1600x) со 65W TDP. 1500x се издвојува од другите процесори поради предвидениот XFR од AMD за дополнителни 200 MHz со фабричкиот кулер.
R5 1400 е можеби и најслабиот од целата серија на процесори до сега претставени. Со цена од 169 долари паѓа една категорија подоле и влегува во споредба со core i3 серијата на Intel. Четри јадра и осум треда со стандарден такт од 3.2 GHz и турбо такт од 3.4 GHz, TDP од 65W изгледа малку послаб од 1500x.
За да се разликува од 1500x има 8 MB L3 кеш меморија и четри пати помал XFR рејтинг од 50 дополнителни MHz.
Ако продолжат AMD да изненадуваат и со Ryzen 3 серијата ќе имаме одлични цени на процесори во наредните години.