Подоцна од обично, AMD ја претстави бизнис верзијата од нивните Ryzen 7000 процесори, достапни за лаптоп и десктоп компјутерите. Ryzen Pro 7000 серијата е направена со Zen 4 архитектурата, а зависно од процесорот, доаѓа со RDNA 3 и со RDNA 2 интегрирана графика.

Со оглед на тоа што бизнис верзиите од процесорите обично се наменети за компаниите кои немаат потреба од најсилното на пазарот, интегрираната графика е доволна за повеќето.

AMD овие процесори дури ги споредува со M2 Pro од Apple, истакнувајќи ги предностите, секако.

Ryzen Pro 7040 серијата за лаптоп компјутерите доаѓа со до 8 Zen 4 јадра и RDNA 3 интегрирана графика. AMD истакнува 17% подобри перформанси во споредба со конкуренцијата, а за Ryzen Pro 7840U процесорот 18% повисоки перформанси и 15% подобра ефикасност во споредба со M2 Pro од Apple.

Серијата за лаптоп компјутерите доаѓа со шест процесори, три со HS ознаката, односно за високи перформанси, како и три со U ознаката, која е повеќе штедлива верзија.

Од друга страна, на десктоп претставени се само три нови процесори и истите имаат до 12 јадра.

Сите детали околу новите процесори се достапни на страната од AMD на овој линк.

ИЗВОРXDA-Developers
ИЗВОР 2AMD
Претходна статијаМакедонската мобилна апликација Challenger препознаена од Google Play во кампањата #WeArePlay
Следна статијаЗаврши поддршката за Windows 10 21H2 верзијата која веќе нема да добива никакви надградби
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.