AMD-Radeon-R9-Fury-X-Official-635x421 copy

AMD конечно ги претстави новите графички карти од високата класа, кои донесуваат исклучително високи перформанси и целосно нова Fiji архитектура, со новата High Bandwidth Memory, што овозможува многу помали димензии од тие на претходниците.

Најмоќната во понудата ќе биде AMD R9 Fury X, која ќе чини 649 долари и која ќе биде првата во светот со дури 4096 стриминг процесори, кои ќе работат со брзина од 1050 MHz. Покрај тоа, графичката ќе има 256 единици наменети за текстури и HBM меморија со брзина од извонредни 512 GB/s. Регулаторот на волтажата ќе има шест фази, што од AMD велат дека ќе овозможи екстензивно оверклокување.

9ffdb20e-6168-4b8d-92c3-859a385b28ad

За разлика од конкуренцијата, Fury X има водено ладење, што овозможува многу помали димензии на самата картичка од само 19 сантиметри. Кулерот е поставен надвор од графичката и е поврзан со цевки низ кои поминува течноста за ладењето. Оваа технологија овозможува потивка работа, како и многу подобро ладење при екстремни оптоварувања.

Подолу во понудата ќе биде и AMD R9 Fury, графичка која ќе чини 549 долари и за која ги немаме сите информации, но веројатно разликата ќе биде главно во тоа што оваа ќе има нормално, воздушно ладење, со кулер поставен на самата графичка.

Третата картичка во понудата ќе биде R9 Nano. И за оваа картичка нема многу информации, но знаеме дека ќе има мали димензии и многу мала потрошувачка на енергија. За да покаже колку мала, AMD посочи дека Nano ќе има два пати повеќе перформанси по потрошен ват од досега најмоќната нивна графичка, R9 290 X.

Продажбата на AMD Fury X ќе почне на 24 Јуни, додека другите две претставени графички ќе следат наскоро после тоа.

Извор: ARS Technica

Претходна статијаRaspberry претстави куќиште за микро компјутерот Pi 2
Следна статијаЗа прв пат снимена смртта на белите крвни зрнца