android-sensor-hub

Кога ги читаме спецификациите на новите паметни телефони, најголемо внимание обрнуваме на главниот процесор, кој е тука за да ги врши сите работи во оперативниот систем. Сепак, многумина не знаат дека телефоните имаат и секундарни процесори, кои се наменети за други функции во телефонот.

Android Sensor Hub ги чита податоците од сите сензори за движење, како акцелерометарот и жироскопот, но и читачот за отпечатоци на прсти и „дигитајзерот“ за екранот на допир. Потоа, процесорот ги интерпретира движењата и според тоа извршува различни функции во телефонот.

Така, со овој нов процесор, новите Nexus 5X и 6P ќе знаат кога ќе се качите на вашиот велосипед и ќе можат да пуштат апликација за мерење, или пак телефонот ќе знае кога ќе го кренете, за да се пушти дисплејот да ги прикаже последните нотификации, односно да се подготви читачот за отпечатоци на прстите за уште побрзо мерење.

Можностите што ги има овој секундарен процесор се големи и останува на многу дивелопери да ги искористат целосно. На пример, овој процесор може да се искористи за многу прецизно мерење на чекорите или пак за заштеда на енергија – телефонот да почне да ги пушта не многу важните нотификации само кога ќе го подигнете, што троши многу помалку од батеријата отколку константно да се проверува за нови нотификации.

Засега, Android Sensor Hub е дел само од новите Nexus-и на Google, но тоа значи дека наскоро ќе го видиме и во многу други Android уреди од останатите производители.

Извор: Android Police, Engadget

Претходна статијаПродолжете да ѕенѕате, може да ве спаси од прекумерното седење
Следна статијаКанабис капитализам